„Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава - да се види дека е став“: Зајкова објави видео од утринската посета
Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава - да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за само со македонско државјанство или манипулирате.
Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава!
Ова го напиша на социјалните мрежи пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП), Монија Зајкова која изминативе денови ги повика своите колеги, но и сите функционери во земјава да дадат изјава на Нотар и да ја заверат, а со која ќе посочат дека немаат двојни државјанства.
Еве го нејзиното утринско обраќање:
За потсетување деновиве Зајкова ги повика своите колеги пратеници, но и сите функционери, да заверат изјава пред нотар дека немаат друго државјанство освен македонското, како и дека немале двојно државјанство во моментот кога стапиле на функцијата.
Според неа, доколку се увиди дека некој имал двојно државјанство, треба веднаш да си поднесе оставка, а нејзините реакции доаѓаат по предлог законските измени на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува пратеник во Собранието да може да стане лице што има само македонско државјанство.
Според Зајкова, ваквата одредба не треба да важи само за пратениците, туку и за сите избрани и именувани функционери.
