„АЈ ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ИЗМОТАВАТЕ СО ТОА ПРИВАТНИОТ АВИОН“: Најчевска побара пресметка од Силјановска Давкова
Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи упати остри критики во врска со најавите за набавка на нов владин авион и изјавите дека користењето на службено летало е поекономично од комерцијалните летови.
Таа ја оспори тезата дека летањето со владин авион е поевтино и побара јавно да се презентираат сите трошоци поврзани со неговото функционирање.
„Ајде дајте ни пресметка колку чини одржувањето и сервисирањето на авионот. Колку чинат луѓето кои се ангажираат за тоа, пилотите на платен список, стјуардесите, горивото и таксите што се плаќаат за користење на различни аеродроми?“, наведува Најчевска.
Таа во објавата повикува на транспарентност во врска со трошоците и оценува дека јавноста има право да знае колку средства се издвојуваат за владините летови.
„Престанете да лажете и да ги расфрлате парите на граѓаните“, порачува професорката во својот статус.
