Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: Запленетиот путер утре ќе биде уништен на депонијата Дрисла

АХВ: Запленетиот путер утре ќе биде уништен на депонијата Дрисла

Агенцијата за храна и ветеринарство вечерва информира дека запленетиот путер со поминат рок на „Евро Млекара“ ќе биде уништен утре на депонијата Дрисла.

„Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година. Производот е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата на производот (13.02.2021 година) не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година“, истакнуваат од инспекциското тело.

Од таму додаваат дека во меѓувреме се пронајдени нови количества на путер, со што се потврдува информацијата на вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски дека станува збор за 4,5 тони.

„При тоа, запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер за кој застапник е млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ“, достигна скоро 4,5 тони. Дополнително ќе се спроведат контроли и на останатите производи од оваа млекарница“, додаваат од АХВ.

Од таму велат дека во текот на следната недела ќе продолжат контролите на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници, што се продаваат на македонскиот пазар. 

„АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските правила за продажба на производи. Со оваа акција на АХВ е спречено загрозување на здравјето на граѓаните со небезбедни производи“, се вели во соопштението.


Слично

Поврзани вести