Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: Заболени луѓе од антракс нема!

АХВ: Заболени луѓе од антракс нема!

Засега болеста антракс е забележана само кај едно одгледувалиште кај Кичевско а животните кај кои е детектирана се спалени, а заболени луѓе нема. Ова го кажа денеска директорот на АХВ кој информираше дека нови случаи на појава на болеста кај добитокот нема.

Министерството за здравство како што посочуваат од АХВ, спроведува и епидемиолошко испитување а се врши и едукација на населението од тоа населено место.

Надлежните ја повикаа опозициската партија да не шири паника кај граѓаните со дезинформации за антраксот со уверување дека тешко може човек да се зарази со антракс од заразно месо.

Што всушнотс е антраксот?

Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори – Bacillus anthracis. Иако антраксот претежно ја афектира само домашната стока и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Најчесто, антраксната бактерија навлегува во телото преку рана на кожата. Исто така, човекот може да се зарази преку консумирање на контаминирано месо или со инхалирање на спорите од антраксот. Знаците и симптоми, во зависност од начинот на заразување, може да варираат од кожни рани, па се до гадење, повраќање и системски шок.

Постојат три типови на антракс, и секој од нив има различни знаци и симптоми. Во повеќето случаи, симптомите се развиваат во рок од 7 дена по експозицијата на оваа бактерија.


Слично

Поврзани вести