Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: Водата од кумановски „Водовод“ е безбедна за пиење

АХВ: Водата од кумановски „Водовод“ е безбедна за пиење

Кумановци добија вода, безбедна е и за пиење, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). 

АХВ  денеска соопшти дека водата од кумановски „Водовод“ е безбедна за пиење. Минатата недела имаше невреме во кумановско, поради што водата беше забранета за пиење, а водата во езерото Глажња беше заматена. 

„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Куманово, ги доби резултатите од лабораториското тестирање на трите земени последователни мостри од водата од кумановскиот градски водовод. Добиени се задоволителни резултати од тестирањата во однос на физичко – хемиските и бактериолошките параметри, односно водата од кумановскиот водовод е безбедна за пиење, поради што АХВ ја укинува забраната за нејзина употреба која беше донесена на 23 овој месец“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

И од јавното претпријатие Водовод велат дека го добиле соопштението од АХВ

Претходно од Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија дека нивните анализи покажале дека водата е безбедна за пиење.

foto freepik.com/Mateus Andre

Слично

Поврзани вести