Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: ТРАЈНОТО МЛЕКО МИЛКАНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ, купените примероци да се вратат во маркет

АХВ: ТРАЈНОТО МЛЕКО МИЛКАНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ, купените примероци да се вратат во маркет

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. 

Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

И маркетот Стокомак на својата официјална Фејсбук страница синоќа излезе со соопштение по повод ова отповикување.

Имено, Стокомак ги известува сите свои купувачи дека од се повлекува производот Milkano UHT Млеко 3.2% масленост, 1л LOT FD04 со дата на производство на 05.10.2022. Нивната целосна објава може да ја прочитате во продолжение:


Слично

Поврзани вести