Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во Таринци

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во Таринци

По објавата од страна на здружението за заштита на животни „Анима мунди“ за состојбите во фармата во општина Карбинци, реагираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

- Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде во тек е спроведувањето на мерки за еутаназија согласно донесените решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека  во соопштението на здружението се изнесени лаги - наведува АХВ во соопштението.

Од АХВ додаваат дека еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата. 

- Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени.

Во услови на справување со епидемија, изнесувањето на вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда - се потенцира во нивниот демант.

Слично

Поврзани вести