Ахмети задоволен од средбата со Нимиц-Тој го опиша како политичар со мудрост и знаење
Политичар со голема мудрост и знаење за спорот со името. Вакво мислење има медијаторот Нимиц за лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Ахмети и Нимиц денеска остварија прва формална средба на која Ахмети искажал огромно задоволство и се заложил дека ДУИ ќе направи се за да се изнајде решение за спорот со името.
„Денес имав задоволство да се сретнат со посредникот на ОН Метју Нимиц во спорот за името со кој разменивме идеи за надминување на пречките во нашиот пат кон НАТО и ЕУ“, истакна Ахмети.
Ахмети посочил дека земјава бара добро решение за спорот, но и дека Албанците ќе дадат придонес бидејќи не биле индефирентни кон спорот .
Слично
