Ахмети за однесувањето на Џафери: Нема теории на заговор
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со албанскиот министер за надворешни работи, Гент Чакај, на прес-конференција со новинарите, изјави дека нема судири меѓу владејачката коалиција. Вели дека земјата има потреба од интегритет, а не поделба и неединство.
„Не постои судир меѓу коалиционите партии, може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција. Не може да биде исклучена од овие процеси ниту опозицијата. Претседателот на Собранието е познат како најголем институционалист во земјата, човекот кој го почитува деловникот на Собранието и воопшто нема простор за инсталирање конспирации. Нема теориии на заговор“, изјави Ахмети.
Во власта односите се разнишаа откако собранискиот претседател, Талат Џафери ја прекина околу полноќ седницата на која требаше да се гласа за одземање на имунитет на екс претседателот на Собранието, и пратеник Трајко Вељаноски, кој е осомничен дека е еден од организаторите на упадот во Собранието. Ова беше протолкувано дека Џафери го „спасува“ Вељаноски.
