Ахмети за Катимерини: Македонија може во НАТО под „ФИРОМ“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за грчки „Катимерини“ посочува дека Македонија мора да ги заокружува евроинтеграциите, како и да го реши проблемот за името што е еден од најголемите приоритети.
„Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската унија. Грција мора да не поведе кон ЕУ“, вели тој, додавајќи дека земјата би можела да се приклучи на НАТО со акронимот ПЈРМ, пред да започнат разговорите за решавање на спорот за името.
„Треба да се направи чекор за да почнат да се движат работите“, вели лидерот на ДУИ.
„Ние мора да ги земеме во предвид геополитичките случувања и да работиме посилно за пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи тоа ќе ни биде од корист на сите“, додаде тој.
Ахмети рече дека неговата земја немала максималистички намери против Грција.
„Сакам категорично да кажам дека Скопје нема никакви територијални претензии кон Грција и сакаме да ја увериме Атина дека Грција нема да се соочи со закана од својот северен сосед“, вели Ахмети.
