Ахмети за десет дена на суд, се шпекулира и за негова оставка
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се очекува да го даде своето сведоштво пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд за 10 дена.
Извори од кабинетот на Ахмети за ТВ21 велат дека тој се очекува да замине во Приштина на 2 септември за да сведочи за неговата улога во ОВК.
Меѓународните обвинители побарале од лидерот на ДУИ да биде два дена на располагање за да сведочи.
Дел од албанските медиуми во земјава објавија дека можно е Ахмети да си поднесе оставка од лидерската позиција, а за тоа да му пресуди токму ова сведоштво.
Слично
