Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Швајцарија порача дека без Албанците, Северна Македонија нема иднина. 

„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60 отсто од гласовите на албанскиот електорат“, изјави Ахмети. 

Тој ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.

Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во Македонија. 

Вели дека единствена алтернатива за Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.

Koсовската претседателка Вјоса Османи вели дека секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на противење и единство на Албанците од цел Балкан.

Слично

Поврзани вести