Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети вели да ги внесеме Бугарите во Уставот

Ахмети вели да ги внесеме Бугарите во Уставот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, и ништо лошо нема да ѝ стане на државата. 

Ахмети ова го изјави на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието.

„Зборував многу отворено за ова со Петков. Ние сме целосно ангажирани да се почитува и да не му се оспорува правото на никој да се декларира, без притисок, така како што чувствува, тоа да се рефлектира во Уставот. Мислам дека  ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Значајно е да се отворат преговори за зачленување во ЕУ зашто така градиме сигурна иднина. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така  имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РМ“, рече Ахмети. 

Вели дека Македонците не треба да имаат дилема затоа што тој е нивни сограѓанин и е заинтересиран да не се чувствуаат лошо. 

Слично

Поврзани вести