АХМЕТИ: Утре е историски ден – го избираме првиот премиер Албанец
Утре е историски ден – го избираме првиот премиер Албанец, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Кажа дека верувал во Охридскиот рамковен договор, официјализирање на албанското знаме и јазикот, а верувал и дека Северна Македонија ќе стане дел од НАТО и ќе отвори преговори за членство во Европската Унија.
„Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците и за сите други, бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден по друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за европска Македонија“, вели Ахмети.
Изјава дека поддршката што ја добил, утре се наградува со еден остварен сон.
Мандатарот Талат Џафери веќе ги примил сите предлози од политичките партии за министри и дополнителни заменик-министри.
Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај, а ќе функционира до изборот на новата влада.
Но, сите не се задоволни од фактот дека Џафери ќе биде мандатар.
