Ахмети тврди дека не се загрижени за состојбата со опозицијата
Не сме загрижени за состојбата со опозицијата, изјави денеска во Тетово, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Вели дека ДУИ секогаш ги става државните интереси пред партиските. Затоа кажа дека целта е како да се создаде нормална состојба во интерес на стабилноста.
„Ова е средба на највисокиот орган на ДУИ за да се согледа и анализира состојбата бидејќи сакаме да ги ставиме државните интереси пред партиските за да се оствари датумот со ЕУ и решавањето на проблемот со Бугарија, но и за државата да функционира нормално“, изјави Ахмети.
Ахмети го свика Генералниот совет на партијата на средба во Тетово.
Слично
