Ахмети тврди дека Македонија ќе ја направи како Швајцарија
Целта ми е Македонија да ја направам како Швајцарија, вели првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
Тој во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека уште во 2001 година изјавил дека планира земјава да ја направи како Швајцарија. Вели дека тогаш ова го доживувале како првокација.
„Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, односно 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО. И денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите“, објасни Ахмети.
ДУИ се промовираше како зелена партија. Тоа беше новитетот кој партијата го најави.
Слично
