Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети-Тимоние: Двете македонски политички партии, да се вклучат без одлагање за да се најде решение

Ахмети-Тимоние: Двете македонски политички партии, да се вклучат без одлагање за да се најде решение

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимониер.

На средбата се разговарало за политичката ситуација во земјата, геополитичкитe околности и можности за решавање на политичката и институционалната криза.

Според Ахмети потребно е, особено двете македонски политички партии, да се вклучат без одлагање и да се најде решение и за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност.

Ахмети ги образложил конструктивните чекори за излез од кризата што ги презела партијата.

„ДУИ како победничка партија на Албанците, даде поддршка на  реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова Влада  која ќе ја спроведува агендата и однапред утврдена програма од страна на меѓународната заедница преку строго спроведување на реформите во судството, заокружување Охридскиот договор, и на евро-атлантските интеграции“ - стои  во соопштението.

Секое доцнење претставува можност за противниците на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ да го прошират своето влијание и да го продлабочат јазот помеѓу граѓаните на нашата земја, додаваат од ДУИ. 

Слично

Поврзани вести