Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница

Ахмети: Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба изјави дека разговорите ќе продолжат, но и дека сите треба да се ангажираат за успешна завршница на Договорот со Грција.

„Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница за имплементација на договорот постигнат со Грција. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува да се разговара во наредните денови. Очекувам храбро да се искористи оваа историска шанса“ – изјави Ахмети.

Договор засега нема, и разговорите продолжуваат. 

Лидерска имаше синоќа, а таа продолжи и денеска. Синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја напушти средбата. 

Слично

Поврзани вести