АХМЕТИ: Секој може да добие мандат да формира Влада, но не може секој да добие мандат да одлучува кој ќе ги претставува Албанците
Не може секој да добие мандат за да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во новата Влада, изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
„Нашите политички противници нека се подготват за новиот предизвик кој следи следната година на локалните избори“, изјави Ахмети.
Ова го кажа во обраќањето на прославата за 22 години од формирањето на политичката партија.
Од општествените процеси во кои имале влијание, покрај уставните измени, зачленувањето во НАТО, како позначајни ги истакна потпишувањето на Охридскиот договор, користењето на албанскиот јазик во институции и јавниот живот, учество на Албанци при одлучувањето во извршната, законодавната и судската власт. Според Ахмети, ДУИ успеала да се наметне и да добие значајни министерски позиции и, како што рече, првиот премиер Албанец.
Од „Вреди“ велат дека Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија.
