Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори

Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии, се закани лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Вели дека одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање.

„Ако е засегнат Законот за јазици, нема локални избори и не може да се постават гласачки кутии за да се одржат локални избори…Законот за јазици не е на ДУИ, Законот за јазици им припаѓа и на оние што ќе се родат додека не изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото на јазикот и ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, рече Ахмети.

Ахмети побара ВРЕДИ да излезе од владата и заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните.

Во Уставен суд на 20 месецов ќе расправаат за Законот за употреба на јазиците. 

Лани во декември, Уставен суд ја одложи расправата за овој закон. Потоа ДУИ ги тргнаа шаторите од пред судот. 

Слично

Поврзани вести