Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети се сретна со Швајцер Блум и Жбогар - за што разговарале?

Ахмети се сретна со Швајцер Блум и Жбогар - за што разговарале?

Во просториите на американската Aмбасада во Скопје, денеска претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, оддржа заедничка работна средба со заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Микаела Швајцер Блум и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Ахмети со нив  разговарал за понатамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска Влада. 

„Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања. Ахмети истакнал дека 16 години од неговите активности во рамките на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, затоа и побарал помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија“ - пишува во партиското соопштение. 

Тој го повторил ставот дека ДУИ целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места.

Слично

Поврзани вести