Ахмети се сретна со Бејли - Влада ќе има идната недела
Али Ахмети денеска ја посети Американската амбасада во Скопје каде се сретна со амбасадорот Џес Бејли. Главна тема на разговорите биле за формирањето на новата влада од следната недела и започнување на процесот на неопходни реформи.
„Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија“, информираат од ДУИ.
Други приоритети на новата Влада, наведува партијата на Ахмети, остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.
