Ахмети се надева дека Иванов ќе си го подобри авторитетот кај Албанците
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се надева дека претседателот на државата Ѓорги Иванов во законски предвидениот рок ќе го потпише новиот Закон за употреба на јазиците и со тоа ќе ги подобри односите со албанската заедница која уште од почетокот на мандатот нема доверба во него.
- Со тоа тој и лично ќе си го поправи авторитетот кај Aлбанците во Мкедонија и пред меѓународната заедница. Не би требало тој да не стави потпис на указот за законот но доколку се случи тоа има процедура законот во вториот обид да стапи на сила и без неговиот потпис. Прашан дали стравува од некои најави дека ќе биде оспорен на уставниот суд Ахмети цврсто уверен дека законот го работеле експерти и дека се внимавало строго да не се направи пропуст за да истиот падне на уставниот суд, рече Ахмети за Алсат.
Првиот „интегративец“ се осврна и на негативните коментари во јавноста како и бранот на незадоволство за одредени спорни членови во самиот закон.
„Не разбирам зошто толку силни емоции, со законот не губи никој, напротив секој јазик е богатство. Не можеме да речеме дека Македонскиот и Албанскиот јазик во Македоија со овој закон се изедначени. Внатре во државата,во сите институции да, но во меѓународните комуникации согласно Охридскиот договор Македонскиот е официјалниот јазик за комуницирање“ смета Ахмети.
Најголеми полемики новиот Закон за употреба на јазиците предизвика меѓу стручната јавност и професорската фела со жестоки размени на мислења за тоа дали законското решение е квалитетно срочено и дали се воспоставува како што некои велат „тиранија на малцинството над мнозинството“ со фаворизирање на еден јазик, а притоа со споменување на терминот јазикот на 20% од населението исто така се отвора правна дупка во услови во кои државен попис немаме спроведено две децении.