Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети сам во Чаир на одбележувањето на воениот конфликт од 2001

Ахмети сам во Чаир на одбележувањето на воениот конфликт од 2001

ДУИ денес ја одбележува 16-годишнината од воениот конфликт во 2001-ва, а претседателот Али Ахмети присуствуваше на кратка церемонија во општина Чари каде е поставен споменик на Двоглавиот орел. 

Инаку, Ахмети не беше придружуван практично од ниту еден од високите функционери на ДУИ, а таму не беше ниту Изет Меџити кој е потпретседател на партијата воедно и градоначалник на Чаир. 

Иако од ДУИ најавија дека на манифестацијата ќе присуствуваат сопартијците на Ахмети, со цел да се демонстрира единство, Ахмети многу скромно, само со дел од членовите на партискиот огранок од Чаир, како и дел од семејстватаа на загинатите борци на ОНА, симболично ја одбележа годишнината.

Извор: 24vesti.mk

Слично

Поврзани вести