Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети повика мудро и со разум да се прифатат изборните резултати

Ахмети повика мудро и со разум да се прифатат изборните резултати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека очекува по изборите државата да продолжи да чекори напред и верува дека ДУИ ќе помогне во изградбата на вредности за добро на државата.

Вели дека изборите се и култура, семеен и државен празник, на кои се демонстрираат вистинските демократски вредности. 

„Ние сме земја на прагот од почеток на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски“, рече Ахмети. 

Вели дека посакува да има повеќе дијалог во државата и компромис меѓу партиите. 

ДУИ во вториот круг од локалните избори учествува  во 14 општини.

Слично

Поврзани вести