Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети потврди дека поделбата на Македонија била на маса пред 20 години

Ахмети потврди дека поделбата на Македонија била на маса пред 20 години

По повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на државата. 

Вели дека и оваа опција била на маса. 

Сигурен сум, додаде лидерот на ДУИ, дека НАТО, ЕУ, САД, разбраа дека во оваа земја работите ќе одат во лоша насока, надвор од контрола и дадоа овластувања на претставници за да почнат преговори и да не ни се повтори БиХ и Косово. За ова, според него, најголема заслуга има НАТО сојузот.

„Не беше лесно ниту за мене ниту за моите соборци бидејќи оваа држава беше позната како оаза на мирот и поради албанските претставници дотогаш кои не успеаја значително да ја убедат меѓународната заедница работите да одат подобро и да се унапредат. Иако свесни бевме дека Албанците овде беа маргиналзиирани во Собранието и само беа еден сервис и служба и само што шепотеа тоа што се зборуваше од горе“, рече Ахмети.

Тој смета дека поделбата на државата ќе била на штета на граѓаните. 

Слично

Поврзани вести