Ахмети по средбата со Билд - Решението е кај македонските партии
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска одржа кратка средба со европскиот претставник Карл Билд на која беше разговарано за актуелната политичка криза.
„Решението за излез од кризата е кај македонските партии“, рече Ахмети.
На прашање дали е предвидено одржување лидерска средба, Ахмети рече дека нема никакви најави за одржување средба во таков формат.
Слично
