Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците да се почитуваат, ѝ кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети на заменик министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу. Тие се сретнаа во Скопје. 

Ахмети рекол дека од исклучителна важност е мнозинската заедница да го почитува демократскиот легитимитет на втората заедница во државата и другите заедници во согласност со духот на Охридскиот договор. 

„Меѓународната заедница е гарант на Охридскиот договор и заедно не смееме да дозволиме да се врати назад, туку континуирано да го унапредуваме како што е нагласено во самиот текст на Охридскиот договор. Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката со која се развиваат билатералните односи, особено во последните седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, со што беше изразена потребата од негово целосно почитување и спроведување од двете страни“, се вели меѓу другото во соопштението на ДУИ.

Грција деновиве повторува дека Договорот од Преспа со кој се надмина спорот за името мора да се почитува. 

Во врска со тврдењата дека Северна Македонија исполнила огромен дел од обврските од Преспаниот договор, а Грција не ратификувала ниту три меморандуми, ниту пак ги сменила сообраќајните табли со Скопје и кратенката ФИРОМ, Пападопулу посочува дека како резултат на Преспанскиот договор Северна Македонија стана членка на НАТО и ги почна пристапните преговори со ЕУ.

Слично

Поврзани вести