Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети откри дека Албанската декларација нема цела да влезе во владина програма

Ахмети откри дека Албанската декларација нема цела да влезе во владина програма

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во изјава за повеќе албански медиуми посочи дека Албанската декларација нема целосно да биде вклучена во претстојната програма на новата влада од повеќе причини кои се многу реални и искрени, туку само најважните аспекти за големи реформски приоритети. 

За Ахмети сега најважно е Македонија да просперира во ЕУ и НАТО со што поскоро членство, да остане стабилна и позитивно да влијае на регионот. Сите аспекти на Албанската декларација ќе бидат отворени за дебата и нема да се држат во тајност бидејќи не претставуваат никаква закана за Македонија.


Deklarata Ali Ahmeti 23.05.2017 by tvshenjaofficial

Се дигна голема бука со т.н.Тиранска платформа, и без оглед што Албанската декларација значи заедничка платформа на изборните програми на ДУИ, БЕСА и Алијансата, секое негативно формулирање може да се сфати како провокација и негирање на гаранциите кои Зоран Заев ги даде за зачувување на унитарниот карактер на Македонија. 

Извор: ТВ Шења

Слично

Поврзани вести