АХМЕТИ ОДИ ВО ПРИШТИНА: Која е целта на посетата?
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ќе оди во посета на Косово.
Градоначалникот Перпарим Рама ќе му го додели клучот на градот на Ахмети, објави косовскиот „Економија онлајн“.
Претходно извесен Исмет Сулејамни на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со Ахмети од кафуле, а под фотографијата напиша „Историско кафе со Али Ахмети“.
„Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети. Исмет Сулејмани, Приштина, 17 декември 2024 година!“, напиша Сулејмани.
Посетата на Ахмети на Косово се случува откако викендов таму отиде поранешниот вицепремиер и поранешен министер, Артан Груби.
Му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е спремен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на пасошот.
