АХМЕТИ ОД САРАЈ ГИ ПОВИКА АЛБАНЦИТЕ: За Скопје да гласате за Петре Шилегов, од тие договори имаме придобивки
Демократската унија за интеграција вечерва на централниот изборен митинг во скопски Сарај, ја претстави листата на општински советници за оваа општина и градот Скопје, како и нивниот кандидат, актуелниот градоначалник Блерим Беџети за нов четри годишен мандат, пренесува „Слободен печат“.
„Имаме договор, договори што ни донесоа придобивки како Албанци. Имаме договор за поддршка на кандидатот на нашиот коалициски партнер, г -дин Петер Шилегов, кој работеше и не беше оптоварен и ова го потврди и Блерим, и Чаир, дека нема предрасуди. За мене најголемата пречка е кога ќе забележам дека некој има предрасуди и има оптоварувања. Такво нешто не е забележано кај него и би ве замолил да го поддржете за градоначалник на Скопје“, рече Ахмети, а пренесува „Слободен печат“.
Слично
