АХМЕТИ ОД КОСОВО: Ви благодариме за гостопримството браќа
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по посетата на Косово на социјалните мрежи објави дека денеска во Приштина се сретнал со неколку политичари со кои разговарал за Косово, регионот и заедничката евроатлантска иднина.
„На Косово му требаат пријатели и сојузници и единствено решение е меѓусебното признавање, но тоа може да се постигне само со прогресивни политики и посветеност на иднината. Мојата поддршка за Косово никогаш нема да изостане.
Ви благодариме за гостопримството браќа“, пишува Ахмети.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби е на Косово.
Слично
