Ахмети оцени: Во тригодишниот мандат со СДСМ направивме многу
Лидерот на ДУИ,
Али Ахмети во вечерашната дебатна емисија на ТВ 21, „Click Plus“ оцени дека
партнерската релација со СДСМ довела до исклучителни резултати и таа треба да
продолжи.
-Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи, истакна Ахмети, одговарајќи на прашањето за последните релации со партијата која на последните предвремени парламентарни избори освои најголем број пратенички места.
Во однос на превирањата за време на предизборната и изборна кампања, тој вели СДСМ и ДУИ направиле доста работи заедно за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.
Ахмети вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше и за изјавите на Зоран Заев кои беа дадени во време на кампањата како и гласот кој наводно е на Заев кој се слушаше во т.н бомби објавени исто така во време на изборната кампања.
