Ахмети објасни зошто Села го разочарал
Али Ахмети, претседателот на ДУИ, во интервју на ТВ 21 објасни зошто се скарал со лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Тој изјави дека Села го навредил во моментот кога го нарекол иницијатор за неговото физичко елиминирање на 27 април во Собранието.
Ахмети кажа дека соработката со Села завршила уште пред 3 недели, кога прифатил средба со него, но тој не се појавил.
„По 30 секунди го повика Џафери, за да пијат кафе, и Џафери остана со телефонот во рака. Одговорот беше дека нема да дојде. И тоа се случи пред три недели. И јас тука ставив точка“- вели Ахмети.
Тој е разочаран затоа што Села го нарекол иницијатор на вооружениот инцидент во Диво Насеље во Куманово.
Слично
