Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Ние не се согласуваме решението да биде Славомакедонија

Ахмети: Ние не се согласуваме решението да биде Славомакедонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас вели дека за ДУИ неприфатливо е името „Славомакедонија“.

„Јас не сум дел од преговарачкиот тим, но ние не се согласуваме решението да биде Славомакедонија. Од решението сите страни треба да бидат задоволни“ - рече Ахмети.

Тој рече дека кај Коѕијас забележал добра волја за решавање на спорот.

Коѕијас е на средба со државниот врв  во земјава денеска, а пред МНР го пречекаа и претставници на повеќе патриотски здруженија кои порача дека не сакаат промена на името. 

Слично

Поврзани вести