Ахмети нема да се повлече: Нема пораз во Тетово и Струга, на 2-ри ноември играта почнува од нула:нула
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека не изгубил избори за да се повлече од функцијата.
Тој рече дека дека коалицијата НАИ, која ја предводи ДУИ освоиле 114.076 гласви и со тоа 159 советници, а коалицијата „Вреди“ дека освоила 91.000 со 122 советници.
За другите политички партии тој смета дека воделе кампања со националистички карактер.
„Почнувајќи пропаганда пред кампања, која бара албански нека бега во Албанија, во Косово, да доминира да се претставува дека оваа држава е само на Македонците. И од тука извираше мотото за жал „Македонија повторно твоја“. Ние се залагаме и ќе се залагаме, со најголема искреност за европска Македонија, добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, така сметаме дека и служиме на иднината, не на минатото. Имало секакви изјави ние корумпирани, криминализиани, јас стојам пред вас сум предводник на студентското движење од 1981 тогаш политиката од Блеград диригирана со политиките на Никола Пашиќ, ме нарекле националист, сепаратист, иредентист и модерната политика ме вика корумпирани и криминализиран мене и мојата политичка партија“, истакна Ахмети.
Тврди дека досега нема пораз сите овие години.
„Дали слушнавте кој победи, зошто да се повлечам од политиката? Дали ги сакате резултатите одете во ДИК и ќе видите. Ако може да видите дали за 25 години има еден пораз на Али Ахмети тогаш ќе се повлечам. Еве ги резултатите, 25 години сме победувале, не само последниве три циклуси. Апсолутно не е пораз во Тетово и Струга, на 2-ри ноември играта почнува од нула:нула(0:0). За Чаир и Сарај во битки има и порази“, рече Ахмети.
Според него, премиерот Христијан Мицкоски ги влече за уши своите партнери.
