Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети негира дека го уценувал Заев за Села да си замине

Ахмети негира дека го уценувал Заев за Села да си замине

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска го негираше тврдењето на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, дека ДУИ ја избркале Алијансата од Владата со уценување на премиерот Зоран Заев.

„Јас немам пристап и влијание врз активностите на Села и за тоа како тој заминал од Владата“ - вели тој.

Ахмети тврди дека тоа се измислици и дека сите партии или пратеници во Собранието кои ќе застанат зад реформите можат да станат дел од владејачкото мнозинство.

Во вчерашната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“, Села рече дека во политичката игра на ДУИ има скриена цел, поради рејтингот кој ѝ паѓа секој ден кај албанското гласачко тело.

Села вели дека Заев гледал свој интерес, да земе добар ресор како што е Министерството за здравство и да продолжи, не со реформи во здравството, туку со неговите бизнис планови.

Слично

Поврзани вести