Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Не сум препрoдавач на Бит пазар за да давам или земам министерства

Ахмети: Не сум препрoдавач на Бит пазар за да давам или земам министерства

За тоа дали ДУИ ќе одвои министерски позиции за БЕСА за да влезе во Владата, претседателот на ДУИ, Али Ахмети одговори дека не работи на тезга.

„Јас не сум препрoдавач на Бит пазар за да давам или земам министерства, преговорите се одвиваат меѓу политичките партии, на тезга не работам. Тоа е работа меѓу политичките партии со тек на време ќе видеме како ќе менаџираме и како ќе одлучиме во однос на тоа прашање. Сигурно дека ДУИ е многу сериозна партија и е во тек со сѐ што се одвива во земјава, ние не сме гледачи туку актери во одлучувањето во политиката“ – изјави Ахмети по средбата со комесарот Јахнес Хан.

Тој не ги коментира обвинувањата дека членови и функционери на неговата партија се вмешани во случајот „Монструм“. 

Слично

Поврзани вести