Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети не сака предвремени избори

Ахмети не сака предвремени избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не сака предвремени парламентарни избори. 

Тој вели дека парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството. Ахмети рече дека не се размислува за реконструкција на Владата. 

„Што се однесува до предвремените избори сметам дека се организираат во случаи на кризи, нефункционирање на Парламентот, блокирање на институциите, такво нешто нема и ниту во иднина мислам дека нема да има, бидејќи не се во интерес ниту на државата, а ниту и на партнерството во овој солучај“, изјави Ахмети. 

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека нема одложување на пописот, но нема да има ниту предвремени избори. 

Вели дека доста е од избори и дека треба да се работи, а следните ќе бидат редовните во 2024 година.

Слично

Поврзани вести