Ахмети најави дека утре ќе биде реизбран Талат Џафери за спикер
Талат Џафери утре ќе биде реизбран за претседател на Собранието.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната седница на Централниот совет на партијата кажа дека изборот на ново-стариот претседател ќе се случи утре.
„Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество“, изјави Ахмети.
ДУИ ги соопшти кадрите кои ќе седнат во министерските фотелји.
