(ВИДЕО) АХМЕТИ МУ ЗАДАВА УДАР НА ГРУЕВСКИ: ДУИ се подготвува да излезе од техничката Влада
Пред стартот на претседателството на ДУИ во Мала Речица Бујар Османи за новинарите кои беа пред седиштето на партијата рече дека се членството на ДУИ разгледува две точки и тоа можностите за напуштање на техничката влада од страна на функционерите на ДУИ со цел да се деблокира состојбата како и локалните избори.
„Според Уставот мандатот на градоначалниците се 4 години, следната недела настапуваат точно 4 години и ќе настане правен вакум. ДУИ ќе разгледува што со градоначалниците во тој правен вакум како и да се разгледаат кои се евентуални кандидати за локалните избори и самиот датум и закажување на изборите“, изјави Османи.
Портпаролот на партијата на Али Ахмети најави дека ДУИ ќе ги земе предвид сите можни варијанти за да се олесни формирањето на новите институции.
Дебатата која во јавноста е наметната од страна на правниците на експертите е во тек, ДУИ има повеќе од една третина министри во Владата а оставка на една третина од министрите според закон и Устав значи паѓање на Влада, одговори Османи на новинарско прашање .
Но и паѓање на влада, вели тој, значи останување во функција се до именување на нова Влада.
Османи рече дека ДУИ не е заинтереисрана за нови избори, туку за деблокирање на состојбата.
Видео: А1он
