Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ МУ ЧЕСТИТА НА РАМА: Морам да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување

АХМЕТИ МУ ЧЕСТИТА НА РАМА:  Морам да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување

Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети денеска му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за почнувањето на преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Вели дека ова се одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа. 

„Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје. Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година. Мора исто така да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија. Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност. Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.

Македонија додека не ги внесе Бугарите во Уставот не може да почне преговори со ЕУ. 

Рама жали што Македонија не почна преговори со ЕУ. 

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Берлин рече дека понатамошниот евроинтегративен процес на Македонија ќе продолжи само со едногласна одлука на земјите членки на ЕУ.

Слично

Поврзани вести