Ахмети: Македонците ништо не губат ако од 20 отсто се пишува албански народ
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската супстанца во Северна Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент, но без да прецизира кога точно, објави ТВ21.
„Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи. Ве уверувам дека 20 отсто не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. Тоа ќе се случи во вистински момент со договор затоа што сограѓаните Македонци ништо не губат ако од 20 отсто се пишува албански народ“, вели Али Ахмети.
Но, другите албански партии бараат ова да се реализира за внесување на Бугарите во Уставот.Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во уставните измени треба да учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда.
