АХМЕТИ ЛУТ НА СЕЛА: Toj не е подготвен за големи процеси
Села не е подготвен за големи процеси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Вели дека е многу разочаран поради погрешната страна што ја превезема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите.
„Уште повеќе сум вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираме и политички“- вели Ахмети.
Ахмети рече дека нема да има предвремени избори затоа што има одржлива и сигурна коалиција како и добра програма која очекува да се реализира.
„Очекуваме имплементација на реформите, многу е важно да се сконцентираме на тоа, посебно на реформите во судството каде треба да се упатат сите сили за успешни промени во овој сектор“ - вели Ахмети.
Додаде дека очекува мирен изборен ден, фер и демократски, во средините каде се води тесна битка за гласови.
Села деновиве изјави дека Заев треба да покаже дека е различен од Груевски и дека згрешил што за локалните избори дал поддршка на ДУИ.
