Ахмети: Лажна е веста дека имало средба ДУИ-ДПА
ДУИ и ДПА немале никаква среда.
Ова го тврди лидерот на најголемата албанска партија Али Ахмети кој демантира оти имал средба со вечниот опонент Мендух Тачи.
Албанските медиуми во јавноста ја раширија оваа информација, а партијата од Мала Речица брзо реагираше.
Преку соопштение медиумите беа информирани дека Ахмети не се сретнал со Тачи упатувајќи порака дека оние што ја објавиле информацијата прво требало да го контактираат кабинетот.
Медиумите веќе објавија и дека ДУИ и ДПА договориле соработкаа во неколку општини за вториот изборен круг, а колку оваа информација не е деизнформација ќе дознаеме по изборниот исход.
Слично
