Ахмети ќе разговара со сите партии освен со деструктивните
Шефот на дипломатијата и портпарол на ДУИ Бујар Османи денеска, по состанокот на Централниот одбор на партијата, изјави дека го овластиле претседателот на ДУИ Али Ахмети сам да носи одлуки.
Членовите на Централниот одбор, се согласиле дека продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е без алтернативна.
„Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии за да како важен и одлучувачки фактор после парламентарните и локалните избори со цел да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата при тоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и државата“, изјави Османи.
Османи рече дека Ахмети ќе разговара со сите партии освен со, како што нагласи деструктивните партии.Премиерот Зоран Заев најави оставка од премиерската и партиската функција по вториот круг од локалните избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ.
Новото парламентарно мнозинство објавено во петокот е составено од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, политичката партија Левица и БЕСА.
