Ахмети кажа што очекува од средбата Курти - Вучиќ
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист дека ќе има договор помеѓу Белград и Приштина.
Вели дека денеска ќе биде постигнат напредок меѓу двете земји.
„Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО“, рече Ахмети.
Тој денеска се сретна со косовскиот премиер Албин Курти. Косовскиот премиер и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се на средба во Охрид, со цел нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека дијалогот значи и отстапки, а тешките одлуки се за подобра иднина.
Слично
