„АХМЕТИ ЈАВНО ДА ГО ОСУДИ ЧИНОТ НА СИМНУВАЊЕТО НА ЗНАМЕТО“: Човекот што го симна е приведен, провокациите да не се премолчуваат! Ангелов повторно за инцидентот на Попова Шапка
По симнувањето на црковното знаме на Попова Шапка и ставањето на Албанското знаме, сторителот беше приведен, а Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи бара реакција за провокациите и тоа од ДУИ и нејзиниот Лидер, Али Ахмети.
„Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата “Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг.
Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено.
Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.
Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.
Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност.
Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба.
Затоа го повикувам лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин.“ напиша тој.
Слично
