Ахмети и Тачи на заедничка маса-Решиле да ги смират односите
Донеодамнешните ривали Мендух Тачи и Али Ахмети синоќа имаа средба во Тетово.
Двајцата лидери на неформална средба во еден локал во Тетово решиле да ги хармонизираат односите и да соработуваат во институциите со цел реализирање на договореното во Пржино.
Тачи и Ахмети велат дека нивната средба била конструктивна и дека за партиски интереси не зборувале.
Тие како партии од албанскиот блок посочиле дека се за влез на земјата во ЕУ и НАТО, а Тачи посочил дека декларацијата која Ахмети ја потпиша со албанските партии е безвредна.
„Ништо вечерва не се случуваше под маса, подршката која ја даваме за ДУИ е бланко подршка дека сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и ЕУ, а тоа без спроведување на пржинскиот договор не е можно. Не значи дека ако сме ги изгубиле изборите, не треба да бидеме конструктивни“, рекол Тачи.
Ахмети пак рекол дека се надева оти ќе има позитивни случувања околу зачленувањето на Македонија во НАТО, иако во оваа алијанса Македонија требала уште многу порано да влезе.
