Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети и Села ќе гласаат за Законот за јазиците ако дојде на дневен ред

Ахмети и Села ќе гласаат за Законот за јазиците ако дојде на дневен ред

Али Ахмети како претседател на ДУИ изразил целосна подготвеност за изгласување на предлог Законот за употреба на јазиците и поддршка очекува и од коалиционите партнери во парламентарното мнозинство.

Исто така поддршка за гласање дава и Зијадин Села, кој посочил дека неговите пратеници од коалицијата Алијанса за Албанците иако не се дел од Владата, сепак ќе гласаат за законот за јазиците како што првично било договорено.

Пратениците ќе ја почнат пленарната седница во Собранието, по претходната координација на пратеничките групи со собранискиот спикер Талат Џафери.

Поддршка за законското решение даде и премиерот Зоран Заев, како и владејачката партија СДСМ кои велат дека се залагаат за единствено општество без поделби.

Единствено се противи ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат законот да не се гласа веднаш туку да бидат земени во предвид нивните 35 илјади амандмани, како и забелешките на стручната јавност.

Пред Собранието веќе се одвива протест на група граѓани кои сметаат дека овој закон ќе значи и двојазичност на целата територија на Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести